Јавната чистота се одржува со зголемен интензитет
Екипите на Јавна хигиена со зголемен обем на активности го подигнуваат степенот на јавна чистота на повеќе локации во градот и приградските населби. Темелно се чисти и мети од наноси од песок , земја , ситен отпад , како и ситна вегетација ул.„Железничка„
се коси и расчистува од расфрлан отпад дворот и околниот простор на подрачното училиште „Св.Климент Охридски„ во населба Даљан
темелно расчистување на тротоарот покрај магистралниот пат Охрид-Св.Наум на потег Хидробиолошки завод – нас.Рача
Во пресрет на планираниот состанок на министрите за надворешни работи на државите членки на ЦЕИ се реализира акција за расчистување на расфрланиот отпад покрај магистралниот пат на потегот од Подмоље до Метропол.