Генералка на „Булевар Туристичка„

Екипите на Јавна хигиена деновиве интензивно работат на  уредување на пешачката зона на „Булевар Туристичка„, вдолж целата должина. Од двете страни на булеварот, темелно се чистат тротоарите од наносите од песок и земја, се отстранува ниската вегетација и се расчистуваат одливните шахти. Ангажирани се 6 општи комуални работници, а активностите ќе се одвиваат етапно во следните три дена.

turisticka

 

 

Share