Обновено: Од градскиот кеј подигнати 30м3 отпад

Како последица на силниот ветер од  јужен правец на градскиот кеј беа натрупани енормни количини комунален отпад. Во изминативе два дена Ј.П.Охридски Комуналец подигна 30 м3 отпад од градскиот кеј, на потегот од пристаништето до Холанскиот Парк. Беше ангажиран ровокопач, два камиони за утовар и одвоз на отпадот, 3 комунални работници кои рачно од езерските води го расчистуваа отпадот и 10 метачи. Од езерските води подигнати се огромни количини пластични шишиња, хартија, трска и друг вид отпад.

FotorCreated3

На лице место увид изврши и општинскиот инспекторат, по чиј налог се спроведоа овие активности.

 

Share