Се реализира акцијата за уредување на дрворедот по „Македонски Просветители„

Екипите на „Паркови и зеленило„ денеска ја продолжија акцијата за уредување на крошните од дрвјата по целата должина на дрворедот од липи по ул.„Македонски Просветители„.

Поткаструвањето, сечењето и уредувањето на крошните од липи се реализира етапно, согласно планираната динамика. Во текот на вчерашниот ден завршено е уредувањето на потегот од „Кеј Македонија„ до „Партизанска„ , а денес се уредуваше потегот од „Партизанска„ до „Димитар Влахов„.

IMAG06422

                                       кроење на крошните пред поштата

Со кроењето на крошните ќе се отстранат гранки кои го оневозможуваат природното вегетирање на стеблото и кои го оптоваруваат стеблото и ќе се овозможи подеднакво продирање на сончевата светлина. Со тоа ќе се создат побезбедни услови за движење на пешаците и возилата.

IMAG06432

                                              кроење на крошните пред „Уни банка„

Акцијата се спроведува по налог на Секторот за комунални дејности, сообраќај и улици при општина Охрид и според динамиката во среда ќе се уредува потегот од „Димитар Влахов„ до „Даме Груев„, а во четврток и петок ќе се поткаструваат крошните на „Македонски Просветители„ на потегот од „Даме Груев„ до „Булевар Туристичка„.

IMAG06402

                               кроење на крошните на пресекот со „Димитар Влахов„

Share