Хортикултурно уредено шеталиштето во Пештани
Екипите на „Охридски Комуналец„ хортикултурно го оплеменаа новиот кеј во с.Пештани. На шеталиштето кое се протега од рибниот ресторан до поранешната зграда на полициската станица, претходно се постави систем за наводнување, а потоа на 15 партерно оформени катчиња се изврши засадување на 15 палми, а околу нив се засадени 75 шимшири и 150 парчиња сезонски цветен материјал од видот хипоестес. Со тоа крајбрежниот појас на Пештани доби лик како што доликува на оваа позната туристичка населба.
Екипите на „Паркови и зеленило„ продолжуваат со оформувањето на зелениот појас од бетонската жардињера на ул.„Железничка„ во зависност од динамиката и координација со другите активности околу одржувањето на јавното зеленило во градот.