Хортикултурното уредување на новиот кружен тек-ПОДАРОК ЗА ОХРИД
Со привршување на градежните работи на новиот кружен тек на пресекот на булевар Туристичка со улицата АСНОМ, Ј.П.”Охридски Комуналец” започна со активности за хортикултурно средување на истиот. Ова ново зелено катче кое ќе го краси овој фреквентен кружен тек ќе биде подарок од Ј.П.”Охридски Комуналец” за градот Охрид. Ќе биде поставен систем за наводнување, ќе се засадат украсни дрвца и сезонско цвеќе од сопствениот саден материјал. Со ова продолжуваме да го реализираме на дело проектот “Охрид-град на цвеќето 2012 год.”