ЗАЕДНИЧКИ СЛУЖБИ

Работната единица “Заеднички Служби” се грижи за нормално одвивање на сите Работни единици и претставува сервис за сите нив. Работата е поделена на два сектори
– Сектор за сметководствени, финансиски и комерцијални работи;
– Сектор за правно, кадрови и општи работи;
Секторот  за сметководствени, финансиски и комерцијални работи  ги извршува работите за водење и устројување на целокупното книговодство, изработка на периодични и годишни пресметки, фактурирање и наплата на услигите, водење на платниот на промет, планско-аналитички и статистички работи, осигурување на имовината, сите видови на набавки, евидентирање-магацинско работење. Работата е организирана по служби: Сметководство, АОП, План и Анализа, Наплатна служба и   Набавна служба.
Во Секторот за правни, кадрови, и општи работи се води целокупната евиденција во врска со утужување и побарувањата, реализирање на побарувањата по судски пат, застапување на претпријатието пред сите судови, изготвување на општи акти, водење на кадрова евиденција, вршење на архивско-дактилографски работи и др.