Комуналец претпразнично го уредува градот
По повод претстојниот христијански празник Велигден, екипите на Комуналец ги уредуваат и расчистуваат зелените и јавно-прометните површини на влезовите во Охрид, туристичките локалитети, стариот дел од градот, пофреквентните сообраќајници и многу други локации. Тревниците се косат, расфрланиот отпад се расчистува, покрај коловозите се отстранува ниската вегетација, а јавните површини се метат. Во изминативе денови се уредени селата Подмоље, Горно Лакочереј, Косел и Лескоец, а во наредните денови ќе бидат опфатени и останатите села.