Се реализира кампањата „Македонија земја на цвеќето-Земја на розата„

Во реализацијата  на националната еколошка кампања „Македонија земја на цвеќето-Земја на розата„ која ја спроведува Министерството за животна средина и просторно планирање, денес активно се вклучи и општина Охрид и Ј.П.„Охридски Комуналец„, со што симболично го означивме и стартот на пролетта. Во рамките на оваа кампања  Ј.П.„Охридски Комуналец„, планира да засади 2.000 садници ружи  на целата територија на општината, а денес беа засадени ружи на „Булевар Туристичка„ (потег градски пазар-Петља), месноста „Долни Сарај„ (по барање на Фестивалот „Охридско лето„)   и во основните училишта „Григор Прличев„ и „Христо Узунов„.

 IMAG02161

IMAG02341

IMAG02321

IMAG02221

IMAG02241

IMAG02281

IMAG02301

Со оваа кампања се надеваме дека ќе влијаеме позитивно и едукативно како кај најмладата популација, така и кај сите граѓани, со цел урбаните средини да ги претвориме во цветни градини и прочистувачи на загдениот воздух

Share