Контејнерите од „Булевар Туристичка„ дислоцирани по споредните улици
Ј.П.„Охридски Комуналец„ ги известува граѓаните на општина Охрид дека по барање на Секторот за урбанизам и управување со градежно земјиште, контејнерите од „Булевар Туристичка„ не се повлечени, туку истите се дислоцирани.
Заради непречено движење на велосипедистите по велосипедската патека во целата должина на „Булевар Туристичка„ , контејнерите од оваа сообраќајница се дислоцирани во најблиските комплекси и споредни улици околу „Булевар Туристичка„.
Дежурниот телефон во Р.Е.Механизација 046/265-353 им стои 24 часа на располагање на граѓаните, каде може да се информираат детално за новата локација на контејнерите.