Комуналец го расчисти полигонот за мали спортови
Со денешната акција Комуналец го расчисти полигонот за мали спортови.
Веќе подолг период се провлекуваше проблемот околу одржувањето на хигиената на овој простор кој се наоѓа во централното градско подрчје, а кој е во сопственост на правен субјект. По претходно издаден налог од страна на комуналната инспекција, на правниот субјект му беше наложено во временски ограничен рок да го расчисти просторот од полигонот за мали спортови од натрупаниот комунален, зелен и друг вид отпад. Постигната е согланост помеѓу ПП.„Бринекс„ и „Охридски Комуналец„ и за соодветен надомест денес е извршено расчистување на овој простор и подигнат е 12 м3 отпад.