Во пресрет на инвестицискиот самит се уредува „Света Софија„
По повод одржувањето на Глобалниот инвестициски самит во организација на „Македонија2025„ кој ќе се одржи во Охрид во периодот 8-10 октомри 2013 год., нашите екипи интензивно работат на уредување на одредени локации. Така за потребите на самитот интензивно се уредува просторот околу црквата „Света Софија„ , дворот и делот позади црквата. Целиот простор генерално се чисти и хортикултурно се уредува, по што и темелно ќе се измие.