Средување на просторот околу објектот на Македонска Телевизија
Ј.П. Охридски Комуналец Охрид по налог на локалната самоуправа спроведе акција за чистење и средување на просторот околу објектот на наплатниот пункт на Македонска телевизија зад скалестата зграда.
Во акцијата учествуваат работници и механизација со која располага јавното претпријатие, кои сечат дрва, грмушки , се остранува фрлениот шут , комунален и кабаст отпад со што овај простор би добил соодветен лик.