Нека Охрид биде препознатлив по палмите
Расадникот кој функционира во рамките на работната единица „Паркови и зеленило„ нуди широк асортиман од декоративните садници од видот палми-“trachycarpus fortunei”. Овие тропски растенија заради својата украсна вредност и егзотичен изглед, на парковските површини им даваат посебна убавина и изглед. Палмите од видот “trachycarpus fortunei” добро се аклиматизирани на временските услови во охридскиот крај , отпорни се на ниски температури, а есенскиот период е идеално време за нивно засадување.
Палмите се по пристпана и сега намалена цена, а граѓаните во Расадникот можат да добијат корисни совети околу нивното сасадување и одржување.