Акција за кабаст отпад од населба „Гоце Делчев„ (позната како „Бараки„)-28.09.2013 год.

              Ј.П.”Охридски Комуналец”-Охрид ги известува граѓаните на Општина Охрид дека на ден 28.09.2013 год.(сабота) ќе организира акција за подигнување на кабаст отпад (душеци, стар мебел, телевизори, шпорети, теписони и др.)  од населба „Гоце Делчев„ позната како „Бараки„.

          Се молат граѓаните кои живеат во споменатите делови од градот доколку имаат ваков отпад уредно да го депонираат најкасно до 10.00 часот  и претходно да го пријават во Р.Е.”Механизација” на тел.046/265-353 со наведување на локацијата, за да можат службите од Ј.П.”Охридски Комуналец”  благовремено да го подигнат.

Share