Се уредува У.З.„Радојца Новичиќ„
Денеска екипите на Ј.П.Охридски Комуналец започнаа сеопфатна акција за чистење и уредување на У.З.„Радојца Новичиќ„. Овие активности се спроведуваат по неодамнешната остварена средба на Градоначалникот Бакрачески со претставници од оваа урбана заедница, каде граѓаните ги изнесоа и своите потреби од аспект на одржување на јавната хигиена и зеленило.
Со координирана акција на екипите на „Јавна хигиена„ и „Паркови и зеленило„ хортикултурно се уредуваат дрворедите покрај пешачките зони, се кастрат гранки, се коси тревата, темелно се чистат и метат тротоарите и граничниците и се подига расфрланиот отпад.
Со акцијата е опфатено и чистењето на речното корито на река Грашница, во близина на ул.„Железничка„, каде е ангажирана специјална механизација.
Во наредниот период Ј.П.Охридски Комуналец ќе ја продлабочи соработката со урбаните заедници и со вакви акции ќе биде присутен во секој дел од градот.