Се расчистува делницата Охрид-Дебарца

Од денеска продолжуваме со акциите за расчистување на расфрланиот отпад покрај магистралниот пат Охрид-Скопје, на потегот од сообраќајната клучка до општина Дебарца. На оваа делница покрај рачното расчистување на комуналниот отпад  кое се изведува со 10 комунални работници, се расчистуваат и мини депонии од градежен шут со ангажирање на специјална механизација. Поради несовесно и деградирачко однесување на поединци, во непосредна близина на коловозните ленти се создадени голем број мини депонии од градежен шут.

IMG103611

IMG103641

DSCF63111

DSCF63101

Изминатата сабота се заврши акцијата за расчистување на делницата Охрид -Св.Наум во должина од 30км. Собрани се и подигнати 320 вреќи  комунален отпад (пластика, хартија, лименки и др.).

Share