Се уредува О.У.”Климент Охридски” во населба Даљан
Пред почетокот на новата школска година, екипите на Ј.П.„Охридски Комуналец„ го средуваат дворот на О.У.”Климент Охридски” во населба Даљан, просторот околу школото, пристапниот пат и крајбрежниот дел на Охридското Езеро во овој реон. Овој простор темелно се расчистува од натрупаниот отпад, теренот се израмнува со специјална механизација (ИЦБ), а ангажирани се 10 општи комунални работници. Исто така се врши и хортикултурно уредување на просторот со косење на тревата, отстранување на жбуновите и трњето и се врши поткастрување на крошните од дрвјата. Според нашите проценки се очекува да се подигне 60м3 отпад.
Овие активности се спроведуваат по претходно добиен налог од „Комуналната инспекција„.