Интензивно се уредуваат зелените и јавни површини
Веќе трет ден екипите на „Јавна Хигиена„ и „Јавно Зеленило„ интензивно работат на повеќе локации за уредување на зелените површини во градот и приградските населби, како и чистење на јавно прометните површини. По иницијатива на локалната самоуправа, а во соработка со другите јавни претпријатија од градот се коси ниската вегетација, се кастрат гранки, се метат површините и се подига отпад од следните локации: во стариот дел од градот ул.„Кузман Капидан„; просторот околу МЈП„Проаква„ -Охрид; потегот од магистралниот пат Охрид-Св.Стефан и с.Пештани.
ул.„Кузман Капидан„
простор околу МЈП„Проаква„
потег од магистралниот пат Охрид-Св.Стефан
с.Пештани