Се расчистува отпадот кој плива по каналот „Билјанини Извори„

Деновиве екипите на Ј.П.„Охридски Комуналец„ интензивно го расчистуваат каналот „Билјанини Извори„ од натрупаниот отпад. Заради специфичноста на теренот отпадот од езерските води се расчистува рачно со помош на чамци при што се ангажирани 4 вработени. Во должина на целиот канал пливаат големи количини трска, пластика, хартија и друг вид отпад, при што се очекува да се подигнат 10м3 отпад.

 

 

 

IMG10026

IMG10027

IMG10025

 

 

 

Share