Повторно кражба на цвеќиња во градскиот парк
Во текот на изминатиот ден украдено е сезонско цвеќе (околу 30 садници очиња и кранфилчиња) кои се засадени во градскиот парк пред х.„Ривиера„ и покрај пешачката патека пред Центарот за култура „Григор Прличев„. Штетата од страна на екипите на „Паркови и зеленило„ е веднаш санирана и засадени се нови садници, но загрижува фактот што оваа појава континуирано се повторува и се деградираат градските паркови и цветните катчиња.
Повторно упатуваме апел до надлежните служби за поголема присутност и надзор над зелените површини, и секако апел до граѓаните за поголема грижа кон зелените површини и повисока еколошка свест.