Денеска стартуваше „Охрид-град на цвеќето 2013„
Како што претходно најавивме, денеска беше означен стартот на проектот „Охрид-град на цвеќето 2013„. На потегот од градскиот плоштад до х.Палас беа засадени околу 2.000 садници сезонско цвеќе од видот виола (во народот познати како очиња) и дијантус (каранфилчиња) . Во текот на наредната недела ќе се продолжи со реализација на проектот со кој пролетно ќе бидат освежени парковските решенија на кружните текови и други локации.