Во тек акцијата „Корпа за секоја улица„
Во рамките на одржувањето на јавната чистота, J.П.„Охридски Комуналец„ во 2013 год. спроведува широка акција „Корпа на секоја улица„ со која се поставуваат 100 корпи за ситен отпад на целата територија на општина Охрид. Согласно Програмата за работа за 2013 год. се врши празнење на корпи за отпадоци поставени на јавни сообраќајни површини според зацртана динамика и во зависност од лоцирањето, односно од обемот на полнењето на истите.
За успешноста во оваа акција треба да допринесеме СИТЕ зошто сите сакаме да живееме во чист и уреден град. Затоа упатуваме апел до граѓаните корпите за ситен отпад да ги употребуваат согласно нивната намена и да депонираат ситни отпадоци од хартија, пластика, отпушоци и др., а да не се депонира комунален отпад од домаќинства.