Комуналец-Охрид според ,,Аква, далеку поуспешен од ,,Комунално,,-Струга

Според истражувањето на здружението за развој и активизам ,,Аква.. , Струга, Ј.П.Охридски Комуналец со многу помал вработени и приближно за половина пониска цена , ја извршувауспешно  услугата за подигање, транспорт и депонирање на комунален отпад на територијата на општина Охрид, за разлика од ЈП,,Комунално,,  од Струга.Во Струга цената за физички лица по м2 изнесува 4 денари, а во Охрид 2,4 ден., а 28 % од населението во Струга, односно 18 илјади жители,ги опслужуваат 120 вработени, додека во Охрид на 18 илјади жители се ангажирани 67 вработени.

Нивото на одржување на јавната и услужната хигиена секоја година се зголемува со целата флексибилност кон потребите кои се наметнуваат за Охрид како туристички центар.Се прошируваат нашите услуги на пошироко подрачје и се зголемува  динамиката на подигнување на отпад.Со акциите кои ги организираме на најтранспарентен начин им помагаме на нашите сограѓани да се справат со кабастиот и зелен отпад,без никаква надокнада.

Share