Инвеститорот гради, Охрид во кал

Инвеститорот на Универзитетот за информатички технологии Св.Апостол Павле Охрид воопшто не се грижи за јавната чистота.

На улиците околу објектот има кубици кал и воопшто не се превземени активности согласно законот за градба според кој инвеститорот е задолжен за одржување на хигиената на пристапните патишта од возилата кои влегуваат и излегуваат од градилиштето.

Истиот е пријавен и на лице место се излезени комуналната инспекција и сообраќајната полиција, но останува грдата слика која ја видоа охриѓани.

Share