Се депонираат абразивни средства во У.З.Стар Град

Согласно законските обврски кои ги има Ј.П.„Охридски Комуналец” околу одржувањето на јавните површини во зимски услови и „Програмата за зимско одржување на територијата на општина Охрид”  депонирани се вреќи со сол и ризла на повеќе пунктови во „Стар Град”. Со овие активности ќе се обезбедат услови за брза интервенција во услови на снег и голомразица за да се овозможи непречено движење на граѓаните и возилата во стариот дел од градот. Поради специфичноста на теренот, тесни  и стрмни улици и сокачиња, старот дел од градот е во приоритетната група за интервенција во зимски услови.

Share