Календар за подигање на отпад од кантите за селекција
Ј.П.„Охридски Комуналец” , во соработка со општина Охрид, ќе започне со реализација на проект за примарна селекција на комуналниот отпад од домаќинствата, каде се определени 5 (пет) улици на кои им се доделени канти за селекција на отпад од хартија и картон, пластика и лименки. Селекцијата и рециклирањето на отпадот се најдобар начин да се намали отпадот на депониите и да се зачува животната средина со негова реупотреба.
Ј.П.„Охридски Комуналец”, почнувајќи од 29.09.2024 год., ќе го реализира Календарот за подигнување на селектиран отпад (хартија и картон, пластика и лименки) од улиците: Марко Нестороски, Васил Главинов, Крсте Мисирков, Питу Гули и Ѓорче Петров.
Линк до Календарот:
Се молат граѓаните од наведените улици да ја почитуваат динамиката од календарот.