ОБНОВЕНО!!! Акцијата за кабаст отпад У.З.12 Гоце Делчев (населба Бараки) ќе се реализира 30.09.2024 год.(понеделник)

ОБНОВЕНО!!!

Заради преземените неопходни безбедносни мерки и активности по повод претстојната посета на унгарскиот премиер Виктор Орбан и неговата делегација на Охрид, Ј.П.”Охридски Комуналец”-Охрид ги известува граѓаните на Општина Охрид дека највената акција за подигање кабаст отпад за ден 27.09.2024 год.(петок)  од  У.З.12 Гоце Делчев (населба Бараки) ќе се реализира на ден 30.09.2024 год.(понеделник) .

Ј.П.”Охридски Комуналец”-Охрид ги известува граѓаните на Општина Охрид дека на ден 30.09.2024 год.(понеделник) ќе организира акција за подигнување кабаст отпад (стар мебел, душеци, телевизори, шпорети, теписони и др.) од  У.З.12 Гоце Делчев (населба Бараки).

Се молат граѓаните кои живеат во споменатите делови од градот доколку имаат ваков отпад уредно да го депонираат најдоцна до 07.00 часот  на 30.09.2024 година  и претходно локацијата да ја пријават на дежурниот телефон 075-495-428, кој функционира секој ден во неделата во периодот 07.00 часот-21.00 часот.

Отпадот треба да е уредно оставен до контејнерите или на местата предвидени за подигнување комунален отпад.

 

Share