Вонредна акција за подигнување кабаст отпад од село Пештани 17.11.2023 год.(петок)

По барање на месната заедница од село Пештани,  Ј.П.„Охридски Kомуналец” на ден 17.11.2023 год. (петок) ќе организира вонредна акција за подигнување кабаст отпад (стар мебел, душеци, телевизори, шпорети, теписони и др.) од село Пештани.

Се молат граѓаните доколку имаат ваков отпад уредно да го депонираат најдоцна до 07.00 часот  на 17.11.2023 година  и претходно локацијата да ја пријават на дежурниот телефон 075-495-428, кој функционира секој ден во неделата во периодот 07.00 часот-21.00 часот.

Кабастиот отпад треба да е уредно оставен до контејнерите или други пристапни места предвидени за подигнување комунален отпад.

Share