Пред најавениот снежен бран, Ј.П.„Охридски Комуналец”-Охрид со апел да се дислоцираат паркираните возила од главните сообраќајници и тесни улици
Поради најавениот влажен и студен бран во сабота, кога ќе има значителна промена на времето со пообилни врнежи, кои во текот на денот ќе преминуваат во снег и најавените минусни температури, екипите на Ј.П.„Охридски Комуналец”-Охрид навремено ги извршија неопходните подготовки за интервенција во зимски услови. Доколку наложат потребите, ќе се ангажира целокупниот оперативен тим и целокупната механизација со која располагаме.
Притоа упатуваме апел до граѓаните да ги дислоцираат паркираните возила од главните сообраќајници и тесни улици за да може непречено да се интервенира со специјалните возила за чистење на снег.
Согласно Програмата за зимско одржување приоритет им се дава на улиците од повисока категорија каде пристапот е отежнат.