Акција за подигнување зелен отпад У.З.1 Стар Град -сабота (01.04.2023 год)

Со првата сабота од месец април , поточно на 01.04.2023 год., започнуваме со реализирање на Календарот за 2023 година на акциите за подигнување на кабаст и зелен отпад на територијата на општина Охрид.

Со календарот е опфатена секоја урбана заедница во градот со цел  надминување на проблемите кои граѓаните на општина Охрид ги имаат околу собирањето на кабаст и зелен отпад. На овој начин се надеваме дека ќе придонесеме  да изостанат сликите од одложен ваков вид отпад покрај садовите за депонирање комунален отпад и други несоодветни локации, надвор од динамиката дефинирана во календарот.

Ј.П.”Охридски Комуналец”-Охрид ги известува граѓаните на Општина Охрид дека на ден 01.04.2023 год.(сабота) ќе организира акција за подигнување отпад од уредување на дворни површини и градини (гранки, трева, жива града и др.)  од  У.З.1   Стар Град.

Се молат граѓаните кои живеат во споменатите делови од градот доколку имаат ваков отпад уредно да го депонираат најдоцна до 07.00 часот  на 01.04.2023 година  и претходно локацијата да ја пријават на дежурниот телефон 075-495-428, кој функционира секој ден во неделата во периодот 07.00 часот-21.00 часот.

Зелениот отпад треба да е уредно оставен до контејнерите или на местата предвидени за подигнување комунален отпад.

Share