Акција за подигнување кабаст отпад- У.З.1 Стар Град – сабота (02.09.2023 год)
Со првата сабота од месец септември, поточно од 02.09.2023 год., започнуваме со реализирање на есенскиот циклус на акциите за подигнување кабаст и зелен отпад на територијата на општина Охрид, согласно Календарот за 2023 година.
Ј.П.„Охридски Kомуналец” на ден 02.09.2023 год.(сабота) ќе организира акција за подигнување кабаст отпад (стар мебел, душеци, телевизори, шпорети, теписони и др.) од У.З.1 Стар Град.
Се молат граѓаните кои живеат во споменатите делови од градот доколку имаат ваков отпад уредно да го депонираат најдоцна до 07.00 часот на 02.09.2023 година и претходно локацијата да ја пријават на дежурниот телефон 075-495-428, кој функционира секој ден во неделата во периодот 07.00 часот-21.00 часот.
Кабастиот отпад треба да е уредно оставен до контејнерите или други пристапни места предвидени за подигнување комунален отпад.