Во месец март општина Охрид ќе доделува канти за отпад
Oпштина Охрид согласно Програмата за заштита на животна средина и природа и во оперативната 2022 година ќе врши доделување на пластични канти од 120 литри за селекција на отпад на домаќинствата на територија на општина Охрид. Оваа година канти ќе добијат индивидуалните домаќинства од следните улици: „Григор Прличев“, „Петар Чауле“, „Боро Шаин“, „Христо Узунов“, „Аргир Маринчев“, „11-ти Октомври“, „Бранко Шотра“, „Нада Филева“ и “Димче Маленко“. Граѓаните ќе можат кантите да ги подигнат во просториите на Секторот за механизација при Ј.П.„Охридски Комуналец“ лоциран на ул.„АСНОМ“ во период од 01.03.2022 до 31.03.2022 година, од 07.00 до 13.00 часот секој работен ден (од понеделник до петок) .
📝 Граѓаните при подигнувањето на кантите треба да приложат лични документи за идентификација од кои ќе биде видлива адресата на живеење и сметка за собирање, транспортирање и депонирање на комунален отпад од Ј.П.„Охридски Комуналец“.