Се расчистува потегот околу зидините кај Горна Порта
Денес се спроведе акција за расчитување на локалитетот Горна Порта каде се опфатени пристапните патеки околу ѕидините на Самоиловата Тврдина и шумскиот појас на овој потег. Подигнати се големи количини расфрлан комунален отпад.
Екипите на „Паркови и зеленило” продолжија со активностите за тековно одржување на дрворедот по ул.„Булевар Tуристичка”. Се интервенира на потегот од кружниот тек кај гимназијата до пресекот со ул.„Даме Груев”.
Упатуваме апел до граѓаните, заради безбедно спроведување на активностите, да се воздржат од паркирање на автомобили на овој потег во периодот 08.00 часот-13.00 часот секој работен ден до 10.03.2022 година.