Се подигна кабаст отпад од р.Грашница и се интервенираше кај мостот од р.Сушица

Овој пат покуќнина заврши во водите на р.Грашница по нејзиното течение по ул.„Ариф Мустафа”. Со ангажирање на специјална механизација кабастиот отпад е подигнат од речното корито.

Се интервенираше и кај мостот на р.Сушица, на пресекот со ул.„15-ти Корпус”, каде се подигнати големи количини тешко разградлив отпад и разновиден шут.

Share