Викендов генерално миење на сообраќајниците во градот
Согласно поволната временска ситуација, сончеви денови и повисоки температури, Ј.П.„Охридски Комуналец„ викендов (петок, сабота и недела) спроведува акција за машинско миење на сообраќајниците во градот. Целта на овие активности е да се подобри хигиената на јавните површини и да се отстранат абразивните средства кои беа употребени за зимското одржување.
Согласно Програмата за работа за 2021 год. во наредниот период нашето претпријатие континуирано ќе ја реализира оваа активност во зависност од потребите и временските услови.