Секојдневно уништување и кражби на урбаната опрема
Како јавно претпријатие надлежно за одржување на јавна и услужна хигиена и јавното зеленило, секојдневно се соочуваме со проблеми со уништување и кражби на урбаната и комунална опрема.
Ни еден месец не е изминат откако Ј.П.„Охридски Комуналец„ на плажите кои не се под концесија (плажите кај локалитетите Горица 3 , Славија и Свети Стефан, плажата после х.Метропол до Лагадин и кај плажата Атлантис ) постави садови за депонирање ситен отпад, а веќе во текот на вчерашниот ден садовите се украдени од плажата кај локалитет Горица 3.
Покрај причинетата материјална и финансиска штета , најголема штета трпат граѓаните и многубројните туристи кои уживаат во благодетите на Охридското Езеро. Во текот на денешниов ден се оставени нови садови за депонирање ситен отпад кои се надеваме нема да се цел на вандалско и деструктивно однесување.