Поставени фотоволтаични панели на депонија „Буково”
Ј.П.„Охридски Комуналец” постави фотоволтаични панели за потребите на чуварската служба на депонијата „Буково” со што е надминат проблемот со немањето соодветни услови за снабдување со електрична енергија. На овој начин се исполнети условите за непречено функционирање на чуварската служба во три смени. Панелите се донација од фирмата „КМГ ЕОЛ КВАЗАР” Скопје.
Поставена е и нова рампа за да се спречи нелегално влегување во просторот на депонијата.