Подигнат тешко разградлив отпад од р.Сушица

Подигнат тешко разградливиот отпад кој за среќа не заврши во водите на Охридско Eзеро.  Со поставената  метална решетка на реката Сушица по нејзиното течение во близина на ул.„Петрино”, големи количини пластична и  картонска амбалажа, најлон-кеси , градежен шут и друг вид отпад е подигнат од оваа локација. На овој начин  со спречување на влевање на најразличен вид цврст отпад во езерските води, ја заштитуваме нашата најрепрезентативна природна убавина.

Share