Оперативните служби на терен

Оперативните служби при Ј.П.„Охридски Комуналец” се постојано на терен со цел надминување на проблемите во одржувањето на јавната и услужната хигиена и одржувањето на јавното зеленило на различни локации во градот и околината. Денес се изврши  генерално чистење на ул.„Васил Стефоски” со отстранување на ниската вегетација од тротоарот и наносите од земја и друг вид отпад.

Екипите на „Паркови и зеленило” извршија тековно одржување на уредениот појас кај сообраќајната клучка на влезот во Охрид.

Се уредуваше и дворната површина во близина на Т.Ц.Гранит ул.„Булевар Туристичка” од жбунеста и дива вегетација од каде се подигнати големи количини зелен отпад.

Share