Известување до нашите корисници за промена на жиро-сметката од Охридска банка

Заради преземањето на Охридска банка АД Скопје и нејзино присоединување кон Шпаркасе Банка Македонија АД Скопје, Ј.П.„Охридски Комуналец„-Охрид ги известува граѓаните и правните субјекти, корисници на нашите услуги, дека од 19.07.2021 год. нема да бидат во можност да извршат уплати на сметки и фактури за услугата подигнување, транспорт и депонирање на комунален отпад, како и други услуги на Ј.П.„Охридски Комуналец„-Охрид преку Охридска банка АД Скопје .

Од 19.07.2021 год. се променува постоечката денарска жиро-сметка (530-0001000731-36- Охридска банка АД Скопје)

и истата од овој датум ќе биде заменета со:

250-0001000731-68    Шпаркасе Банка Македонија АД Скопје

Жиро-сметките кои Ј.П.„Охридски Комуналец„-Охрид ги поседува во други банки остануваат непроменети.

На граѓаните и правните субјекти на располагање им ја нудиме и електронската онлајн наплата без провизија, потоа наплата без провизија во нашиот наплатен центар лоциран во зградата на Градски пазар-Охрид, наплата преку отворање на траен налог , како  и на шалтерите од банките.

–  електронска наплата за физички лица                             www.eohridskikomunalec.com.mk

 

Share