Известување до правните субјекти кои дејноста ја обавуваат по чаршијата
Со цел подигнување на степенот на јавна чистота во општина Охрид на повисоко ниво, Ј.П.„Охридски Комуналец” ги известува сите правни субјекти кои својата дејност ја обавуваат по чаршијата дека комуналниот отпад треба да го депонираат во контејнерите кои се во непосредна близина, а не да го оставаат пред своите објекти или да го депонираат во садовите за депонирање ситен отпад.
Сите ние сакаме да живееме во чист и уреден град, препознатлив туристички центар, па затоа садовите за ситен отпад треба да се употребуваат согласно нивната намена.
Секое непочитување на комуналниот ред ќе биде санкционирано согласно Законот за јавна чистота.
Ви благодариме на соработката и разбирањето