Екипите на Комуналец мобилни со снегот

Оперативните служби на Ј.П.„Охридски Комуналец„ се на терен уште од саботата утрото. Снежната покривка од јавните површини, сообраќајни површини, пешачки патеки, приоди кон витални објекти и институции се расчистува со сета расположива механизација и ресурси. Денес се ангажирани околу сто вработени но поради обилните врнежи и сувиот снег  снежната покривка повторно се формира. Се делува со специјални ножеви за ринење на снегот, со десет рачни дувалки ,  а потоа површините се посипуваат  со абразивни средства. На тесните и скалести приоди рачно се расчистува снегот, а согласно Програмата за зимско одржување приоритет им се дава на улиците од повисока категорија каде пристапот е отежнат.

Воедно ги потсетуваме граѓаните и правните субјекти за нивната законска обврска согласно Законот за јавна чистота дека сами треба да си го исчистат просторот и пристапот до нивните објекти. Исто така апелираме до граѓаните возилата да ги дислоцираат од главните сообраќајници за да може специјалната механизација непречено да го расчистува снегот.

Share