Се расчистува крајбрежјето кај Свети Наум
Обилните врнежи изминатите денови придонесоа огромни количини тешко разградлив отпад да се натрупа на брегот на Охридското Езеро на потегот од кампот Љубаништа, манастирскиот комплекс Свети Наум, воениот камп , па се` до границата со Република Албанија. Пластични шишиња, остатоци од друга пластична амбалажа, картонска амбалажа и др. цврст отпад преку водите на река Черава од албанска територија се натрупуваат на нашето крајбрежје.
Во координација со локалната самоуправа и инспекторатот екипите на Ј.П.„Охридски Комуналец„ веднаш излегоа на терен и се расчистува потегот од кампот Љубаништа до манастирскиот комплекс Свети Наум ( делот кој не е под концесија). Акцијата ќе се одвива и во следните денови поради огромните количини отпад.