Се дезинфицираат јавните површини, урбана опрема и станбени објекти

Согласно препораките на Кризниот штаб на Општина Охрид, по завршувањето на продолжениот викенд од денеска Ј.П.„Охридски Комуналец„  започна со активности за  дезинфекција на улици, јавни површини, урбана опрема  и станбени објекти на територијата на Општина Охрид. Интензивно се третираат површините со дезинфекционо средство , а во употреба се двете цистерни. Со помалата цистерна се дезинфицираат јавните површини каде улиците се потесни како во стариот дел од градот.

Се дезинфицираат и детските игралишта, урбаната опрема, зоните за рекреација, градскиот кеј и чаршијата.

   Со дезинфекционите активности се опфатени и објектите за колективно станување каде се дезинфицираат влезовите и заедничките простории.

Со овие активности ќе продолжиме и во наредните денови.

 

Share