После еден месец повторно исти слики од камп Љубаништа до Св.Наум

После еден месец повторнио истите слики од охридското крајбрежје на потегот од кампот Љубаништа па се` до границата со Република Албанија. Зголемениот водостој  на реката Черава  по нејзиното течение низ Република Албанија придонесе повторно огромни количини тешко разградлив отпад да се натрупа на брегот на Охридското Езеро.

Екипите на Ј.П.„Охридски Комуналец„ денес пристапија кон расчистување  и подигнување на отпадот (пластични шишиња, остатоци од друга пластична амбалажа, најлон кеси, картонска амбалажа и др. цврст отпад), а со  оглед на енормните количини и тешко пристапен терен на одредени локации, ќе се работи и во наредните денови.

 

Share