По вчерашниот снег скршени гранки на повеќе локации
Снегот кој заврна во текот на вчерашниот ден на територијата на општина Охрид не направи поголеми проблеми во сообраќајот но поради влажноста и тежината на снегот на повеќе локации во градот имаше скршени гранки и оштетени дрвја.
Екипите на „Паркови и зелeнило„ веднаш излегоа на терен и ситуацијата беше санирана со што е овозможено непречено движење на пешаците и возилата. Со помош на чамец се отстрануваа и скршени гранки од каналот Студенчишта.