Од 1 јуни комуналниот отпад се подига од 06.00 часот
Ј.П.„Охридски Комуналец„ ги известува граѓаните на општина Охрид дека согласно динамиката дефинирана во Програмата за работа за оперативната 2020 год., подигнувањето на комуналниот отпад во летните месеци и тоа почнувајќи од 01.06.2020 год. до 31.08.2020 год. ќе го спроведува почнувајќи од 06.00 часот наутро. Апелираме до граѓаните да го почитуваат воспоставениот комуналeн ред за подигнување на комунален отпад дефиниран за секоја урбана зедница, реон и приградска населба.