На повеќе локации се подигаше несовесно депониран кабаст отпад

Ј.П.„Охридски Комуналец“  секојдневно се соочува со појавата на несовесно одлагање на кабаст и градежен отпад од страна на несовесни граѓани. И покрај бројните интервенции на нашите екипи, некои локации во градот  претставуваат црни точки на коишто постојано се создаваат диви депонии од страна на локалното население , кои ослободувајќи се од ваков вид отпад од своите домови  ја загадуваат животната околина.

Подигнат е кабастиот отпад (мебел, покуќнина и др.) оставен на самиот пат во нас.Даљан

Расчистена мини-депонија од расфрлан кабаст отпад и градежен шут во стариот дел од градот

Постојано спроведуваме едукативни кампањи и акции со цел да им укажеме на нашите сограѓани како правилно и совесно да постапуваат со својот отпад. На локациите кои претставуваат црни точки поставени се и информативни табли и се надеваме дека граѓаните ќе соработуваат со нашите служби и сите неправилности околу депонирањето на отпадот ќе го пријават на дежурниот телефоон 075-495-428. Според Законот за јавна чистота, градежниот и кабастиот отпад не смеат да го одлагаат на јавни површини ниту во контејнерите, во спротивно истото подлежи на соодветно санкционирање.

Share