Комуналец врши дезинфекција на контејнерите и јавните површини

Следејќи ги препораките на Владата и Комисијата за заразни болести на Министерството за здравство, Ј.П.„Охридски Комуналец„ започна со вонредно дезинфицирање на контејнерите и јавните површини.   Со цел справување со глобалната опасност   предизвикана од висрусот  COVID-19  започнавме со превентивни мерки  и рачно се  врши дезинфекција на контејнерите за депонирање комунален отпад на територијата на општина Охрид , како и третирање на јавните површини со дезинфекционо средство со цистерна .

Во прилог видеа од дезинфизирање на јавните површини со цистерна:

Share